Поранешниот играч, а денес тренер на Милан, Џенаро Гатузо често пати е мета на критики од јавноста, но според бројките тој во Милано сосема добро си ја извршува задачата.
Денес изминува точно една година од кога Џенаро Гатузо го наследи Виченцо Монтела на клупата на „росонерите“, претходно тој го водеше младинскиот тим.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Првите натпревари не ветуваа многу, Милан под водство на Гатузо во првите два натпревари изгуби од Ријека и одиграа реми против Беневенто (2:2). Ќе потсетиме, симпатичниот тим на Беневенто во тој натпревар го освои првиот бод во Серија А.
Но, во продолжение следуваа многу подобри резултати. „Росонерите“ долго време беа во игра за влез во Лигата на шампионите, сепак на крајот завршија на шестата позиција, додека во Купот на Италија играа финале против Јувентус.
Гатузо во Милан до денес, за точно една година освоил 66 бодови во првенството во Италија, повеќе од него имаат само Јувентус (98) и Наполи (82).
Ова секако не се резултати за кои Гатузо заслужува критики, посебно не ако се знае дека Милан поминуваше низ турбулентен период во кој клубот претрпе две големи промени во раководството.
Оваа сезона пак тимот во последно време има сериозни проблеми со повредените фудбалери.