Дома Фудбал Њукасл нуди 90 милиони евра за словенечката ѕвезда

Њукасл нуди 90 милиони евра за словенечката ѕвезда

Њукасл испрати официјална понуда до РБ Лајпциг за Бенјамин Шешко.

Понудата изнесува 80 милиони евра фиксно, заедно со 10 милиони евра во вид на бонуси, според информациите од Фабрицио Романо, што целокупно дава 90 милиони евра.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Шешко сè уште не решил што точно ќе прифати, бидејќи и Манчестер Јунајтед е заинтересиран за него.

Од друга страна, Ливерпул чека да види дали Шешко ќе се пресели на северот од Англија, со намера да се вратат со нова понуда за Исак, откако претходната понуда од 120 милиони евра беше одбиена.

Швеѓанецот силно посакува трансфер на “Енфилд”, и тоа е добро познато и во Њукасл. Итно им е потребен напаѓач пред почетокот на сезоната, која започнува за десетина дена против Астон Вила.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Македонија има светски првак на 100 метри

Џефри Гил, кој по потекло е од Делчево по неговата мајка, го освои златниот медал на 100 м…