
Италијанскиот инсајдер Фабрицио Романо откри ексклузивна информација дека Штутгарт ја прифати понудата од Њукасл од 80 милиони евра фиксно, плус бонуси кои можат да ја зголемат вкупната сума на 90 милиони евра, за германскиот напаѓач Ник Волтемад (22), кој се наоѓа на пат до медицинскиот преглед и потпишување долгорочен договор со англискиот клуб.
Високиот 198 сантиметри напаѓач, кој претходната сезона беше вистинска ноќна мора за дефанзивците, ќе има медицински преглед закажан за утре. Британските медиуми истакнуваат дека ова е изненадувачки развој на настаните, со оглед на тоа што поголемиот дел од летото беше поврзуван со Бајерн, но сега се случи целосен пресврт. Во оваа сезона, тој одигра две натпревари за Штутгарт, една во Купот и една во првенството, каде што постигна еден гол.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Волтемад беше цел на Баерн во текот на целото лето, но Штутгарт одбиваше повеќекратни понуди над 60 милиони евра, инсистирајќи на повисока сума или задржување на напаѓачот пред новата сезона. Затоа, веста за понудата на Њукасл претставува пресврт во односот на Штутгарт кој претходно стоеше на ставот дека нема да има продажба во овој трансферен прозорец.
Доведувањето на Волтемад веројатно ќе отвори и врата за трансферот на Александер Исак, кој веќе неколку недели штрајкува и тренира одделно со цел да замине од клубот и да се приклучи на редовите на Ливерпул,.