
Фудбалската репрезентација на Мексико достигна врв на Северна и Централна Америка со триумф над Соединетите Американски Држави во финалето, и го забележа поставуање на нов рекорд што можеби долго ќе се памети во историјата на фудбалот.
Мексиканскиот суперталент Гилберто Мора, кој има само 16 години, стана најмладиот играч во историјата кој освоил голема титула на сениорско ниво на меѓународната сцена, надминувајќи го рекордот на Ламин Јамал.
Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
Во овој контекст се вбројуваат светските и континенталните првенства. Младиот Мексиканец го освои трофејот на Голд Купот на само 16 години и 265 дена, рушејќи го претходниот рекорд на Ламин Јамал од Европското првенство 2024 година.
Рекордот на Јамал не стоеше долго. Шпанскиот репрезентативец со својата селекција ја освои титулата европски шампион на возраст од 17 години и еден ден.
🤩🇲🇽 Гилберто Мора стана најмладиот играч што освоил меѓународна титула откако ја освои Голд Куп со Мексико 🏆#pele #lamineyamal #gilbertomora #mexico #seleccionmexicana #copaoro #concacaf #futbol #marcaamerica #marcamexico pic.twitter.com/v48974Fxm2
— MARCA América 🇲🇽 (@MarcaMexico_) July 8, 2025
На третото место се најде легендарниот Пеле, кој ја држеше титулата со децении додека Јамал не го надмина минатата година. Пеле, за потсетување, стана светски првак со Бразил во 1958 година на 17 години и 249 дена.
Мора, кој настапува за мексиканската Тихуана и за кого се предвидува светла иднина, блесна во завршницата на Голд Купот. Тој асистираше за победничкиот гол на Раул Хименез во полуфиналето против Хондурас, а во финалето против САД одигра 75 минути.
Овој офанзивен играч за врска, кој игра на позиција што постепено исчезнува од фудбалските терени, привлече големо внимание. Не би било изненадувачки ако набрзо клубовите започнат борба за овој мексикански бисер.