Дома Останати Кошарка Нови неочекувани детали за трејдот на Дончиќ во Лос Анџелес Лејкерс

Нови неочекувани детали за трејдот на Дончиќ во Лос Анџелес Лејкерс

Трејдот на Лука Дончиќ од Далас Маверикс во Лос Анџелес Лејкерс ги шокираше сите и веќе со денови е централна тема во светските медиуми.

Оваа вест, без сомнение, никој не ја очекуваше, а по почетниот шок, полека но сигурно, почнаа да се појавуваат нови детали и нови теории на заговор. Раководството на Далас, според извори на американскиот новинар Гери Вофел, контактирало со уште две франшизи за да се обидат да го разменат Дончиќ!

Квалификации за ЕП во ракомет: Македонија спремна, Словенија може да падне! ↓↓↓


Маверикс испратија понуда до Милвоки и Минесота, но тие не сакаа да се впуштат во договори.

Далас го барал Јанис Адетокумбо, но очекувано дека Милвоки нема намера да го пушти најдобриот кошаркар, додека од Минесота го посакувале Ентони Едвардс.

На крајот, Дончиќ замина во Лејкерс, а во Далас пристигна Ентони Дејвис кој веднаш се повреди и нема да биде во тимот еден месец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Дурент го брани Јокиќ: Не дозволувам да зборувате така за него

Никола Јокиќ и оваа година е еден од фаворитите за МВП титулата, но за новинарите Србинот …