
Мик Шумахер е виден во јавноста со новата девојка, а неговата поранешна веќе започнала нова врска со една од најголемите ѕвезди во светскиот тенис.
Мик Шумахер, поранешен возач на Формула 1 и син на легендата Михаел Шумахер, изгледа дека нашол нова емоционална утеха по турбулентниот период во приватниот живот.
Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст
Германецот изминатиот викенд беше забележан во Камп де Мар на Мајорка во друштво на португалскиот модел Клара Рамос.
Фотографиите до кои стигна германскиот „Билд“ го прикажуваат Шумахер како ја прегрнува Рамос на јавно голф место, недалеку од вилата која ја поседува семејството Шумахер на Балеарите.
