Дома Останати Тенис Новак се јави откако беше објавено дека не игра во Рим

Новак се јави откако беше објавено дека не игра во Рим

Со две кратки реченици, на Инстаграм стори, се огласи Новак Ѓоковиќ откако стана познато дека нема да учествува на мастерсот во Рим.

Организаторите на мастерсот во Рим кратко во вторникот објавија дека Новак Ѓоковиќ годинава нема да дојде на турнирот каде има освоени шест пехари.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Организаторите, како што се очекуваше, не понудија никакво објаснување, а ниту Новак не го стори тоа.

Ѓоковиќ на своето Инстаграм стори објави фотографија со пехарот од Рим со само две реченици:

„Рим, ќе недостигаш. Се надевам дека ќе се видиме следната година“.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Најдолго полуфинале досега во Австралија, епскиот меч му припадна на Карлос Алкараз

Во првото полуфинале на Австралијан опен шпанскиот тенисер Карлос Алкараз успеа да го надм…