
Баерн може да се пофали со нова растечка ѕвезда во својот тим. Младиот Ленарт Карл (17) влезе во историјата на средбата од Лигата на шампионите во средата навечер, станувајќи најмладиот стрелец во историјата на баварскиот гигант на дуелот со Клуб Бриж. Му беа потребни само пет минути во неговото деби во елитното натпреварување да го надмине рекордот кој претходно го држеше неговиот соиграч Џамал Мусиала.
Сето тоа се случи уште на самиот старт на натпреварот. Карл ја прими топката од Џонатан Тах на средината на теренот, вешто се ослободи од својот чувар Брендон Мекеле и тргна кон противничкиот казнен простор. Од самиот раб на шеснаесетникот упати силен удар со левата нога, а топката заврши зад грбот на немоќниот голман на гостите, Нордин Џакерс.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Погледнете го голот ТУКА.
Со само 17 години и 242 дена, Карл го надминува Мусиала, кој беше 121 ден постар кога пред четири години постигна гол против Лацио во осминафиналето. Интересно, Карл го носи дресот со број 42, ист како оној што Мусиала го носеше во својата рекордна средба.
Ова беше првиот гол на Карл за некој од сениорските натпревари на Баерн, во неговиот десетти настап во сите натпреварувања. Тој дебитираше во јуни на Светското клупско првенство со убедлива победа од 10:0 против Оукленд Сити.