
Реал Мадрид со уверлива победа од 4:0 против австрискиот прволигаш ВСГ Тирол ги заврши подготовките. Освен позитивниот резултат, тренерот Хаби Алонсо доби клучни сознанија од средбата. Баскискиот стручњак ја искористи натпреварот за да ја дефинира основата на тимот за претстојната сезона, пишува „Дефенса Сентрал“.
Алонсо, при многубројните замени на теренот, остави тројца играчи кои го започнаа натпреварот: стоперот Дин Хајсен (20), средниот играч Арда Гулер (20) и Килијан Мбапе (26).
ВАР во македонскиот фудбал – Разговор со Дејан Јакимовски | Уште еден поткаст
Со тоа јасно покажа дека токму тие ја сочинуваат основата на неговата визија, по еден играч од одбраната, средниот ред и нападот, и дека на нив смета повеќе отколку на другите, наведува шпанскиот медиум специјализиран за случувањата во Реал.
Фото: Принтскрин