Дома Фудбал Нов потрес на „Енфилд“: Салах исфрлен од тимот на Ливерпул!?

Нов потрес на „Енфилд“: Салах исфрлен од тимот на Ливерпул!?

Мохамед Салах, еден од најдобрите фудбалери на Ливерпул, веројатно ќе го пропушти натпреварот против Интер во Милано, во рамките на 6. коло во Лигата на шампионите.

Египетскиот фудбалер во последните три натпревари започна од клупата, а на два воопшто не играше. За тоа време, Ливерпул запиша две нерешени и една победа.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Последниот натпревар донесе немир во Ливерпул, каде што завршија со 3:3 нерешено против Лидс во Премиер лигата, а Салах целосно го отседе натпреварот на клупата, по што реши да проговори.

„Ова за мене не е прифатливо… Не знам зошто ми се случува ова, не разбирам. Исклучително сум разочаран. Толку многу направив за овој клуб. Сите можат да го видат тоа низ годините, а посебно минатата сезона. Имам чувство како клубот да ме подметнува под автобус. Се чувствувам како некој сака да бидам виновен за сè“, изјави Салах.

Неговиот настап по натпреварот предизвика реакција и од соблекувалната на Ливерпул, каде што наводно соиграчите се застанале во негова одбрана, а тренерот Арне Слот можеби ќе се најде во незгодна ситуација.

Овој понеделник пристигнаа информации од Англија дека Салах практично е исклучен од тимот пред мечот со Интер, што претставува нова епизода на драмата во Ливерпул.

Имено, познатиот фудбалски инсајдер Фабрицио Романо објави дека Салах би можел да биде надвор од тимот за мечот со Интер, но нагласи дека потврдата сè уште се чека и дека Слот ќе зборува на прес-конференцијата подоцна денес.

Новинарот Фабрис Хокинс беше нешто посмел и истакна дека Салах ќе го пропушти натпреварот со Интер, и дека одлуката е донесена од раководството и Слот.

Интересно е што Салах беше присутен на тренингот на Ливерпул, иако според информациите од Англија клубот сака да го задржи, моментално поддршката е повеќе потребна за тренерот.

Салах наскоро треба да патува на Африканскиот куп на нации, каде што ќе го претставува Египет, а прашање е дали ќе остане во Ливерпул по зимскиот трансфер период.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Елмас: Ќе направам сè што можам само Наполи да победува!

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас одигра 90 минути во пресметката со Јувентус, во ко…