
Нова седмица, нови трансфер бомби на повидок, а овој пат на ред доаѓаат – Александер Исак, Бенјамин Шешко, но и Ромуло.
Секако, сите се поврзани, токму по тој редослед. Прво, Ливерпул подготви рекордна понуда за Исака, се очекува таа да биде сума од најмалку 150.000.000 евра, повеќе од што ова лето дадоа за Флориан Вирц. Личните услови не се проблем, Исак е подготвен да се качи на летот за Ливерпул и да потпише повеќегодишен договор.
ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
Но, и Њукасл е подготвен да го замени. Бенјамин Шешко е логично решение наместо Исака, а Словенецот исто така има договор со РБ Лајпциг дека може да си оди во случај на вистинска понуда. Њукасл би можел да плати 80.000.000 и бонуси и така да комплетира многу важен трансфер, бидејќи е се појасно дека Исака заминува.
За крај, тука е и замената за Шешко, а тоа ќе биде – Ромуло.
Овој 23-годишен Бразилец игра за турскиот Гецтепе, висок е 193 см. За Турците има дадено 22 голови и има 13 асистенции на 46 натпревари и така привлече внимание на скаутите на Лајпциг, кои знаат да изберат вистински, а евтини засилувања, но не е познато за колку пари ќе стигне Бразилецот во Бундеслигата.
Се на се, подгответе се за уште една возбудлива седмица на фудбалскиот пазар.
Фото: Принтскрин