Дома Фудбал Нотингем не се шегува: Договори засилување од 40 милиони евра!

Нотингем не се шегува: Договори засилување од 40 милиони евра!

Фудбалерот на Болоња, Ден Ендој, наскоро ќе биде нов член на Нотингем Форест, откако англискиот клуб постигна договор за трансфер вреден 40 милиони евра.

Фиксниот дел од отштетата ќе биде толкава сума според договорот помеѓу двата клуба, додека Болоња може дополнително да добие до три милиони во бонуси и процент од идна продажба.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Оваа вест прв ја објави италијанскиот Скај Спорт.

Тоа е цифра што шампионот на Италија и конкурент на Форест – Наполи – не сакаше да ја плати.

Ендој веќе има постигнато договор за лични услови и со Наполи и со Форест. Овој крилен напаѓач е 24-годишен и се очекува неговото доаѓање на Сити Граунд како замена за Антони Елaнга, кој се приклучи на Њукасл.

Швајцарскиот репрезентативец постигна девет голови и имаше шест асистенции на 41 натпревар за Болоња минатата сезона, а исто така имаше голем удел во освојувањето на Купот на Италија, со победата против Милан во финалето.

Предходно, Ендој настапуваше и за Базел, Ница и Лозана.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Димитриевски немаше среќа – се повреди во најнезгоден момент!

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски доживеа незгодна повреда на левото …