
Синоќа беше одиграно финалето на Африканскиот куп на нации помеѓу Мароко и Сенегал, но Мароканците на свој терен не успеаја да стигнат до титулата.
Со години ќе се прераскажуваат сите настани од натпреварот помеѓу овие две репрезентации, и јасно е дека беше виден прав скандал.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Имено, во судиското надополнување на регуларното време главниот судија, по интервенција од ВАР собата, го разгледа снимакот и досуди пенал за Мароко.
На семафорот тогаш беше 98. минута, а згрозени од одлуката на главниот судија повеќето играчи го напуштија теренот и отидоа во соблекувалната.
Мане успеа да ги врати, а пеналот го изведе Брахим Диаз и ја потроши шансата за титула. Проба со „паненка”, но Менди ја фати топката и натпреварот замина во продолженија.
Единствениот гол, вреден победа и титула за Сенегал го постигна Гуеје во 94. минута, за голема прослава на сите навивачи на оваа репрезентација.
Како што времето поминува, така нови детали од овој натпревар излегуваат на виделина, а целиот свет е згрозен од тоа што го направија Мароканците за време на натпреварот.
Имено, момчињата кои беа задолжени да им подаваат топки на голманите направија невиден хаос, а во сето тоа се придружи и Мароканецот Ашраф Хакими.
Тие пробуваа да украдат и да го фрлат пешкирот на голманот Едуар Менди за време на синоќешниот натпревар.
Менди со пешкирот ги бришеше своите ракавици кои беа натопени со вода поради големата дожд, за да може полесно да ја фаќа топката.
Потоа на сцена стапи резервниот голман на Сенегал Јехван Диуф, кој со душа и тело го бранеше пешкирот на Менди.
.