Дома Моторспорт Ноќ на рекорди во Формула 1: Италијанецот Антонели приреди сензација и испиша историја!

Ноќ на рекорди во Формула 1: Италијанецот Антонели приреди сензација и испиша историја!

Младиот италијански возач во Формула 1 Кими Антонели испиша историја, станувајќи најмладиот кој некогаш освоил пол-позиција.

Италијанецот направи вистинска сензација во рамки на квалификациите за втората спринт трка сезонава која се вози како дел од Големата награда на Мајамија.

Безбедни ли сме? Колку во Македонија се вложува во безбедност и заштита? ↓↓↓


Со одличен круг од 1:26,482 Антонели ја постигна пол-позицијата на неполни 19 години, што никому досега не му успеало, броејќи Гран При или спринт трки.

Победи пред Оскар Пиастри и Ландо Норис. Единствениот кој два пати излезе на патеката беше Макс Верстапен, кој имаше најдобро време до самиот крај на квалификациите, но на крајот го претекнаа тројца возачи.

Зад водечката тројка и Верстапен на четвртото место заврши Џорџ Расел во Мерцедесот. Шестото време го имаше возачот на Ферари, Шарл Леклер пред Луис Хамилтон.

Спринтот за Големата награда на Мајами ќе се вози вечерва од 18 часот, а потоа викендот продолжува со квалификации.

Неделната трка започнува утре во 22 часот.

Фото: Formula 1/X

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Норис најбрз на хаотичниот спринт во Мајами

Победник на хаотичниот спринт во Мајами е возачот на Мекларен, Ландо Норис. На второ место…