Дома Фудбал Ноер упати остри критики кон Донарума: Знаеше дека ќе го повреди Мусиала

Ноер упати остри критики кон Донарума: Знаеше дека ќе го повреди Мусиала

Мануел Ноер, голманот на Баерн, упати остри критики кон голманот на ПСЖ, Џанлуиџи Донарума, кој го повреди неговиот соиграч Џамал Мусиала.

Денеска во четвртфиналето на Светското првенство во Америка се сретнаа ПСЖ и Баерн, а францускиот тим славеше со резултат 2:0.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Доe го донесе ПСЖ во водство во 78. минута, за потоа Паризаните во 82. и 92. минута да останат без исклучените Пача и Ернандес.

И со два играчи помалку, ПСЖ успеа да дојде до вториот гол кога во шестата минута надополнување погоди Дембеле. Крајот на првото полувреме беше означен со тешка повреда на играчот на Баерн, Џамал Мусиала.

Во борбата за една топка, Џанлуиџи Донарума, голманот на ПСЖ, стартуваше прв до топката, но го покоси играчот на Баерн.

Тешка повреда претрпе Мусиала при таа акција. Иако Донарума сигурно не ја имал таа намера, доби остри критики од колегата од другата страна, Нојер.

„Тоа беше ситуација во која не мораше да влезе на тој начин. Тоа е преземање ризик. Беше спремен да прифати ризик од повреда на противникот. Знаеше дека многу веројатно ќе го повреди“, рече германскиот голман.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

(Видео) Гол каков што не се гледа секој ден: Мароканец погоди од својата половина

Мароко успеа да триумфира со 3-2 против Јордан во Арапскиот куп, но најголемо внимание при…