Дома Фудбал Нкунку пред трансфер во Серија А – си договори петгодишен договор

Нкунку пред трансфер во Серија А – си договори петгодишен договор

Францускиот офанзивец Кристофер Нкунку е на чекор до потпишување петгодишен договор со италијанскиот гигант Милан, пренесуваат медиумите.

Нкунку е меѓу фудбалерите кои Челзи сака да ги продаде пред крајот на преодниот рок, а за него интерес покажаа повеќе клубови. 27-годишниот напаѓач беше силно поврзуван со Баерн Минхен и со можен камбек во РБ Лајпциг, но се чини дека неговата иднина е на „Сан Сиро“.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


Договорот би бил со важност до јуни 2030 година, а Милан подготвува понуда во висина од 30 до 40 милиони евра.

Со овој потег, „росонерите“ добиваат значајно засилување во офанзивната линија, а Нкунку шанса за нов почеток по тешкиот период во Премиер лигата.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мајсторија на Рис Џејмс од слободен удар! (Видео)

Фудбалерот на Челси, Рис Џејмс попладнево постигна прекрасен гол од слободен удар во дуело…