Дома Фудбал Нкунку може да го напушти Челзи – по неговиот потпис веќе тргнал друг европски гигант!

Нкунку може да го напушти Челзи – по неговиот потпис веќе тргнал друг европски гигант!

Неславната епизода на Кристофер Нкунку во Лондон наскоро може да заврши.ј.

Според бројни извори, Французинот ги договорил сите лични услови и чека зелено светло да се приклучи на – Баерн Минхен!

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Нкунку не е во прв план кај Енцо Мареска, затоа што за Италијанецот тандемот Кол Палмер – Николас Џексон е незаменлив и Французинот сака да го напушти “Стамфорд Бриџ”.

Тој веќе ги договорил личните услови со Баерн, кој исто така сака веднаш да го откупи, па за сега позајмицата е откажана како опција.

Сепак, потребно е Челси да се согласи да го продаде по разумна цена, која за сега не е позната.

Нкунку дојде во Челси токму од Германија, од РБ Лајпциг, летото 2023 година за дури 60 милиони евра. Но, во првата сезона доживеа тешка повреда, а оваа сезона не играше многу во клучните натпревари.

Французинот претежно играше во Конференциската лига, како и во ФА купот и Лига купот, постигна 13 голови, но од нив само два во Премиер лигата.

Се шпекулира дека Челси во спротивниот правец би можел да го добие Матис Тел, но наводно Баерн работи на тоа да ги одвои овие два трансфера.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул ги остави проблемите зад себе и го совлада Реал и покрај херојските потези на Куртоа

Ливерпул одигра силен меч и покажа дека можеби го надминува тешкиот период, откако го побе…