
Голманот на Барселона, Марк-Андре Тер Штеген, би можел повторно да замине на операција.
Германецот не е вклучен во тренажниот процес од почетокот на подготовките. Многумина мислеа дека се работи за недоразбирање со клубот и со Ханси Флик, но всушност изгледа дека Тер Штеген се бори со нова повреда.
Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓
Според гласините, Тер Штеген има хронични болки во грбот и размислува за операција, што би значело и неколкумесечна пауза.
Минатата сезона речиси целосно ја пропушти поради повреда на коленото, а сега се соочува и со проблеми во грбот.
Во таков случај, Барса нема да може да го продаде, но исто така нема потреба да го регистрира за натпреварувањето, што би значело дека се ослободува место за нови засилувања.
Тер Штеген досега ги одбил сите понуди, иако се споменуваа Галатасарај и Монако, но Германецот остана тврд во одлуката да остане.
Ханси Флик веднаш му даде до знаење дека нема да биде резервна опција, бидејќи таа позиција ја завзема Војчех Шченсни. Сепак, возможна е ситуација Тер Штеген да не биде ниту на трибините, погоден со долгата пауза поради повредата.
Неговата главна цел е да биде целосно подготвен за Светското првенство 2026 година, а можеби Тер Штеген сфатил дека најдобро е да реши сите здравствени проблеми и од зимата да избере вистинска средина за играње во континуитет и стекнување форма пред турнирот во САД, Канада и Мексико.