Дома Фудбал Ништо од новата работа на Тен Хаг: Се пропаднало поради Јирген Клоп

Ништо од новата работа на Тен Хаг: Се пропаднало поради Јирген Клоп

По заминувањето од Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг беше поврзуван со повеќе европски клубови.

Меѓу другото, холандскиот тренер беше поврзуван и со клупата на Лајпциг, но сепак нема да се пресели во Бундеслигата.

Квалификации за ЕП во ракомет: Македонија спремна, Словенија може да падне! ↓↓↓


Имено, „Скај спорт“ пренесува дека новиот директор за фудбалски операции во Ред Бул, Јирген Клоп, ја стопираше оваа идеја на управувањето на германскиот тим, па така Тен Хаг остана без потенцијален ангажман.

Лајпциг под водство на Марко Розе моментално не постигнува особено добри резултати.

После болното испаѓање од Лигата на шампионите, „биковите“ моментално се наоѓаат на шеста позиција во германската Бундеслига, иако амбициите на клубот под патронат на Ред Бул се значително повисоки…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Како Фергусон му помогнал на Манчестер јунајтед и надвор од клубот: Му симнувам капа!

Совласникот на Манчестер Јунајтед Џим Ретклиф во изјава за BBC обелодени дека има огромна …