Дома Фудбал Ништо од играњето со Меси: Интер Мајами се откажа од Де Брујне – познат главниот фаворит за Белгиецот

Ништо од играњето со Меси: Интер Мајами се откажа од Де Брујне – познат главниот фаворит за Белгиецот

Фудбалскиот клуб Интер од Мајами се откажа од правото да започне преговори со играчот на Манчестер Сити Кевин Де Брујне, со што Чикаго останува главен фаворит да го донесе белгискиот фудбалер во американската МЛС лига, пренесе денес Би Би Си.

Интер имаше ексклузивно право да преговара со Де Брујне во рамките на МЛС лигата, доколку Белгиецот реши својата кариера да ја продолжи во Америка, но клубот од Мајами нема да го искористи тоа право.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Оваа одлука значи дека Де Брујне нема да игра во истиот тим со Лионел Меси, Луис Суарез и Серхио Бускетс.

Првиот следен клуб кој сега има право да започне преговори со белгискиот репрезентативец е Чикаго, кој моментално е 11-ти на табелата на Источната конференција на МЛС.

Де Брујне во април најави дека на крајот од сезоната ќе го напушти Манчестер Сити, поради тоа што му истекува договорот.

Белгиецот за десет години во Сити освои 16 трофеи, вклучувајќи шест титули во Премиер лигата и трофејот на Лигата на шампионите во 2023 година.

Фото: Manchester City/X

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Левандовски ѝ „заби нож“ во грб на Барселона, но она што го направил Ибрахимовиќ е неверојатно!

Роберт Левандовски е во фокусот на јавноста последните денови, а сè почна по понудата на Б…