
Лукас Васкез неодамна го напушти Реал Мадрид бидејќи не доби продолжување на договорот, а колку го сака кралскиот клуб најдобро покажува одлуката што ја донесе во однос на неговата понатамошна кариера.
Лукас ги помина речиси сите младински категории во Реал Мадрид, а откако помина една сезона во Еспањол конечно доби вистинска шанса во кралскиот клуб во 2015 година.
ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
Иако не секогаш имаше место во почетниот состав на Реал, тоа не го погодуваше многу бидејќи секогаш истакнуваше дека е среќен што воопшто има можност да биде дел од кралскиот тим.
Лукас во првиот тим на Реал Мадрид помина десет години и освои сè што можеше да се освои, и се надеваше дека тука би можел да ја заврши кариерата.
Сепак, крајот на минатата сезона доби порака од управата на клубот дека нема да добие понуда за продолжување на соработката и дека е најдобро среќата да ја побара во некој друг клуб.
Лукас и покрај тоа се согласи да игра на Светското клупско првенство по што официјално се прости од Реал Мадрид.
Но, колку го сака кралскиот клуб најдобро се покажа со одлуката што ја направи во однос на понатамошната кариера.
Искусниот 34-годишен е во преговори со неколку клубови и не е тајна дека на маса има понуди од Шпанија, Турција, Англија, Саудиска Арабија и Италија.
Меѓутоа, една одлука веќе ја донесе, а тоа е дека останувањето во Шпанија не е опција.
Фото: Принтскрин