Дома Фудбал Никој како премиерлигашите: Потрошиле најмногу до сега!

Никој како премиерлигашите: Потрошиле најмногу до сега!

Со трансферот на Ноа Окафор од Милан во Лидс за 18 милиони фунти, ова лето англиските клубови од Премиер лигата забележаа потрошени рекордни 2,37 милијарди фунти, информира Би-Би-Си.

Севкупната потрошувачка на премиерлигашите ја надмина досегашната рекордна сума од 2,36 милијарди фунти поставена во 2023 година. Во ова раздвижување, шест клуба ги соборија сопствените рекорди.

Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите


Меѓу нив е и Брентфорд, кој за Буркинацот Данг Уата од Борнмут вложи до 42,5 милиони фунти, додека Борнмут пак потроши 34,6 милиони фунти за Бафоде Дијаките.

Новите членови на лигата, Барнли и Сандерленд, беа исто така активни на трансфер пазарот со инвестиции од 25 милиони фунти за Лесли Угочукву и 26 милиони фунти за Хабиб Гару (со можни дополнителни 30 милиони со бонусите).

Нотингем Форест два пати го подобри својот трансфер рекорд – за пристапите на Дан Ндoje од Болоња и Омари Хичисон од Ипсвич (вредни 37,5 милиони фунти).

Ливерпул во јуни откупи договор за Флоријан Вирц од Баер за 100 милиони фунти, со можност за дополнителни 16 милиони фунти, што би бил нов британски трансфер рекорд, надминувајќи го претходниот рекорд на Челзи од 107 милиони фунти за Енцо Фернандес во 2023 година.

Со десет дена до затворањето на трансфер периодот, се очекува дека оваа рекордна потрошувачка во Премиер лигата ќе продолжи да расте.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона го победи Атлетико Мадрид и останува лидер

Тимот на Барселона тешко го совлада Атлетико Мадрид со 3:1 како домаќин во натпревар од Ла…