Дома Фудбал Нико Ковач пред еден од најголемите предизвици во кариерата?

Нико Ковач пред еден од најголемите предизвици во кариерата?

Нико Ковач (53) е еден од кандидатите за тренерската позиција на германскиот великан и актуелен вицепрвак на Европа, Борусија Дортмунд, известува Флоријан Плетенберг, дописник на Скај Спортс за Бундеслигата. Плетенберг пишува дека кандидати се и Германецот Роџер Шмит, кој неодамна доби отказ од Бенфика, и Ерик тен Хаг, кој е отпуштен од Манчестер Јунајтед. Нури Шахин доби отказ поради лоши резултати во лигата и моментално тимот го води тренерот од младинската академија, Мајк Тулберг.

Ковач е без клуб од март 2024 година, кога е отпуштен од Волфсбург. Изминатите месеци беше поврзуван со францускиот Рен, германскиот второлигаш ХСВ, Шабаб Ал Ахли од Обединетите Арапски Емирати, со Динамо по смената на Сергеј Јакировиќ, па дури и со Ливерпул, што самиот го демантираше, а неодамна одби понуда од турскиот Бешикташ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ваков гол не се гледа често во Македонија: Фудбалер на Тетекс погоди од 40 метри! (Видео)

Фудбалерот на Тетекс Меритон Салији викендов во победата над Слога Виницаа од 4-0 постигна…