Дома Останати Кошарка Незапирливиот Јокиќ воодушеви со трипл-дабл, Денвер славеше

Незапирливиот Јокиќ воодушеви со трипл-дабл, Денвер славеше

Никола Јокиќ постигна 28 поени, додаде 10 скокови и 12 асистенции за својот 24-ти трипл-дабл оваа сезона, а Денвер Нагетс го совладаа Орландо Меџик со 112:90.

Денвер ја оствари петтата победа по ред без поголеми проблеми, а српскиот центар, еден од најголемите кандидати за Наградата за најкорисен играч (MVP), ја помина последната четвртина на клупата.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Трикратниот MVP на НБА лигата натпреварот против Орландо го заврши со шут 11/16, а повторно воодушеви со некои потези на теренот.

Јокиќ без да гледа му подаде совршена топка на Гордон за забивање, а коментаторот од натпреварот го прокоментира овој потег со: „Тој има очи на грбот.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

ЛеБрон Џејмс е кралот на кошарката? Размислете повторно покрај Никола Јокиќ! (Видео)

Никола Јокиќ одигра уште една брутална партија во дресот на Денвер Нагетс. Српскиот кошарк…