Дома Фудбал Незапаметен срам за Реал Мадрид пред дуелот со Мајорка

Незапаметен срам за Реал Мадрид пред дуелот со Мајорка

Реал Мадрид вечерва ја пречекува Мајорка и само победа ќе ги остави „Кралевите“ во игра за титулата, но се чини дека во кралскиот клуб веќе кренаа раце.

Барселона во дербито на сезоната го победи Реал со 4:3 за викендот и така отиде на +7, три кола пред крајот само теорија ги држи Кралевите во живот. Меѓутоа, ако Барселона утре го победи Еспањол, се ќе биде завршено.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Во Мадрид ноќта пред дуелот со Мајорка е јасно дека мора да победат ако сакаат уште малку да се надеваат, но исто така е јасно дека се и самите свесни за ситуацијата, и дека е само прашање на време кога Барса ќе стане новиот шампион.

Сезоната на Реал е ужасна, ништо не е освоено, а сето тоа е „зачинето“ со објавата дека Карло Анчелоти заминува и пред крајот на сезоната. Во моментот, многу негативни нешта се случуваат во Мадрид, но сепак, една работа посебно боли сите кои го носат овој клуб во срцето.

Објавено е дека Реал не ги распродал билетите за вечерниот дуел со Мајорка на Сантијаго Бернабеу. Навивачите не се заинтересирани за натпреварот и тоа е поразително.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Анчелоти го подели Бразил околу Нејмар, критики и за Винисиус поради конфликтот со Алонсо

Селекторот на фудбалската репрезентација на Бразил Карло Анчелоти го објави списокот на иг…