Дома Фудбал Незадоволство во Барселона: Камерите го фатија гневот на Јамал, соиграчите го смируваа! (ВИДЕО)

Незадоволство во Барселона: Камерите го фатија гневот на Јамал, соиграчите го смируваа! (ВИДЕО)

Младиот талент на Барселона, Ламин Јамал, го изрази своето големо незадоволство поради тоа што тренерот Ханси Флик го повлече од теренот за време на натпреварот против Рајо Валекано, а неговата бурна реакција на клупата ја фатија камерите.

Барселона со труд успеа да го совлада Рајо Валекано со резултат 1:0, а клучните минути од финишот на натпреварот, додека каталонскиот тим ја бранеше предноста, главната ѕвезда на тимот, Ламин Јамал, ги помина на клупата.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Тренерот Ханси Флик реши да го замени во 82. минута, а тоа никако не му се допадна на младиот играч. Шпанските медиуми известуваат дека неговото разочарување било многу јавно изразено.

Ламин Јамал се налутил на Ханси Флик поради замената. Камерите го снимија моментот. Упати неколку гестикулации кон Флик, пишуваат медиумите.

Подоцна, се сврте кон соиграчот Бернал и рече: “Секогаш мене ме заменува! Секогаш! Ќе полудам!” Еден од членовите на стручниот штаб се обидел да ја смири ситуацијата, но наишол на сличен одговор: “Не. Секогаш мене ме заменува.”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мусовски: Во 2020 година бев погрешно разбран, секогаш сум сакал да играм за Македонија!

Македонската фудбалска репрезентација ја очекува клучниот предизвик во четврток – бараж ду…