Дома Фудбал Незабележано предавство во Барселона, Тер Штеген разоткриен: “Нема повеќе играње будала”

Незабележано предавство во Барселона, Тер Штеген разоткриен: “Нема повеќе играње будала”

Марк-Андре тер Штеген се соочува со отказ во Барселона. Одбива било каква соработка со клубот, не одговара на повици и одбива да разговара околу заминување, иако веќе долго време е отпишан.

За тоа известува Мундо Депортиво.

Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓


„Барселона денес се обиде да организира состанок со Тер Штеген, но не успеаja да го најдат. Ја игнорираше поканата од клубот“, наведува овој весник.

Управата на каталонскиот тим веќе планира санкции против Германецот. Тој целосно се свртел против клубот, не постапува според правилата и дури се подготвени да го однесат на суд.

„Барса е цврсто решена да преземе дисциплински мерки против него. Клубот ги препозна неговите лоши намери, бидејќи се обидува да ја блокира регистрацијата на Шчесни и Хоан Гарсиe“.

Неверојатни работи правел Тер Штеген. Тој е првиот што одби да го потпише лекарскиот извештај кој би ѝ овозможил на клубот да користи 80 посто од неговата плата за регистрација на други играчи.

Исто така, неодамна јавно истакна дека му било потребно само три месеци да се опорави од повредата укажувајќи дека клубот всушност не сакал да му овозможи настапување.

Ова ги разлути сите во Барселона. Неговите постапки во клубот предизвикаа огорченост и подготвени се дури да му дадат отказ.

„Барса верува дека има секаков правен основ за да го однесе на суд. Сметаат дека имаат основа за отказ поради лошо однесување кон работодавачот.“

Тер Штеген е под договор со Барселона до 2028 година. Сепак, 33-годишникот е отпишан, а бидејќи не сака да замине се наѕира сериозен фарс со него.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ФИФА под удар: Поднесена колективна кривична пријава во име на 100.000 фудбалери

Данска фондација поднесе сериозна кривична пријава против ФИФА. Во тужбата се споменуваат …