
Поранешниот напаѓач на Црвена звезда, Шериф Ндиаје, промаши празен гол во продолженијата на финалната пресметка од Купот на африканските нации меѓу Сенегал и Мароко. Сепак, на негова среќа, Сенегал, и покрај тоа, успеа да триумфира со резултат од 1:0 и го освои трофејот.
По голема драма во судиското надополнување и промашениот пенал на Брахим Дијас, Сенегал стигна до продолженија во финалето на Купот на африканските нации и со голот на Папа Геј во 94. минута го доведе домашниот Мароко до поразна позиција.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Само петнаесетина минути подоцна, Сенегал имаше можност да ја запечати победата и трофејот, но Шериф Ндиаје, до неодамна напаѓач на Црвена звезда, се посрамоти и промаши празен гол.
Шериф Ндиаје промаши празен гол во финалето на Купот на африканските нации pic.twitter.com/z63Acm3UjQ
— sportsscandals (@sportsscandals1) January 18, 2026