Дома Останати Тенис Неверојатна сцена: Аргентински тенисер запали цигара на мечот во Мајами (Фото)

Неверојатна сцена: Аргентински тенисер запали цигара на мечот во Мајами (Фото)

Аргентинскиот тенисер Франциско Комесана наводно запалил цигара за време на паузата во натпреварот против Американецот Мајкл Мох.

Улогот беше огромен, пласман на главната ждрепка на АТП Мастерс во Мајами каде што Комесана на крај и се пласираше, а во сето тоа изгледа му помогна и цигарета.

Анде Јанков - автор на крими романи: Блискоста на реалноста и фикцијата! ↓↓↓


Имено, по победата во првиот сет со резултат 6:3, Комесана беше подобар и во вториот сет и го освои со резултат 6:4 и се пласираше во следната фаза на квалификациите.

Подоцна ја забележа победата и против Јапонецот Мочизуки и потоа се пласираше на главниот турнир каде што отпадна од Италијанецот Федерико Чине.

Без разлика на тоа, деталот од квалификацискиот натпревар долго ќе се памети.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Познат терминот кога Ѓоковиќ ќе игра за финале во Мајами

Најдобриот тенисер на сите времиња Новак Ѓоковиќ синоќа се пласираше во полуфиналето на ма…