Дома Фудбал Неверојатно: Турскиот голман одбрани три пенали против тимот на Рома во само три минути (ВИДЕО)

Неверојатно: Турскиот голман одбрани три пенали против тимот на Рома во само три минути (ВИДЕО)

Голманот на Лил, Берке Озер, направи вистински подвиг за помнење во второто коло од Лигата на Европа против Рома на гостувањето во Рим.

Се започна во 79-та минута кога се досуди пенал кој го претвори натпреварот во хаос. Топката ја постави на белата точка Артем Довбик, но Озер му го прочита ударот и го одбрани. Сепак, VAR се вклучи и судијата наложи пеналот да се повтори поради тоа што голманот ја напуштил линијата пред ударот.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Украинецот повторно презеде одговорност, но резултатот остана непроменет – Озер успеа да одбрани и овој пат. VAR повторно се вклучи и налага повторно изведување на пеналот. Овој пат на белата точка стапи Матиас Суле, но и тој не успеа да ја натера топката зад голманот – Берке Озер и третиот пат одбрани!

Во само пет минути голманот на Лил успеа да одбрани три пенали по ред, ставајќи го својот тим на патот кон победата. На крајот, францускиот тим го обезбеди победничкиот 1:0 гол во финишот на натпреварот, а неверојатната серија спасувања на Озер ќе биде запаметена како еден од најспектакуларните моменти во историјата на европскиот фудбал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кристал Палас му нанесе петти пораз по ред на Тотенхем.

Тотенхем продолжува да тоне во Премиер лигата, запишувајќи петти пораз по ред во шампионат…