Дома Фудбал Неверојатно сценарио: Играво петта лига и има плата од 500 евра, а наредното лето ќе брани на Светското првенство!

Неверојатно сценарио: Играво петта лига и има плата од 500 евра, а наредното лето ќе брани на Светското првенство!

Голманот на германскиот петтолигаш Космос од Кобленц, Жосуе Дуверже, ќе биде дел од Светското првенство во 2026 година, откако со репрезентацијата на Хаити доби историски билет за ова глобално натпреварување.

Дваесет и петгодишниот чувар на мрежата, кој настапува во Оберлигата Рајнланд-Пфалц/Сар, стана еден од најинтересните херои на квалификациите.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Од осмото место во петтиот ранг на германскиот фудбал каде заработува 500 евра месечно, Дуверже се искачи на највисоката светска сцена, каде следното лето ќе игра на стадионите во Северна Америка.

Хаити победи против Никарагва со 2:0 и го обезбеди првото место во квалификациската група Ц на КОНКАКАФ. Резултатот беше постигнат во речиси невозможни услови – земјата со години е зафатена од политичка нестабилност, растечко насилство и природни катастрофи.

Главниот град, Порт-о-Пренс, е под долготрајна контрола на банди, според проценките, контролирани се 85 проценти од градот, додека националниот стадион бил окупиран од криминални групи во март 2024 година.

Репрезентацијата на Хаити нема можност да игра дома уште од јули 2021 година кога претседателот Жовенел Моисе беше убиен. Квалификациите ги играше во соседството, последно патување беше во Вилемстад, на Курасао.

Дуверже е роден во Квебек, поминал низ фудбалската школа во Португалија, а од 2024 година го брани голот на клубот од Кобленц.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Mаестрална психолошка игра: Вака Мањан го надмудри Чалханоглу (Видео)

Фудбалерите на Милан го совладаа Интер со 1:0 во големото дерби, а херојот на натпреварот …