
Невидена грешка од страна на УЕФА за време на церемонијата за доделување медали на освојувачите на Лига Европа. Тотенхем со победата над Манчестер Јунајтед 1:0 во Билбао го освои првиот трофеј по 17 години. Играчите и навивачите го прославија историскиот триумф, но организаторот на натпреварувањето направи голема бламажа.
Играчите и членовите на стручниот штаб на Тотенхем застанаа во ред за да примат медали од Александар Чеферин, претседателот на УЕФА, предвидени за победниците. Словенецот ги делеше, но кога на ред дојдоа Сон, Кристијан Ромеро и Родриго Бентанкур, немаше повеќе медали.
Место медали, мораа да се задоволат со ракување со Чеферин
Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓
Така трите клучни играчи на Спарсите не го добија заслуженото признание. Чеферин, кога виде дека нема медали за триот, разговараше со луѓето од протоколот, но очигледно УЕФА немаше доволно одликувања за победниците, па капитенот Сон, Ромеро и Бентанкур, наместо медали, добија само ракување со Чеферин.
Англиските медиуми ова го претставија како голем срам за УЕФА. Истакнаа дека е неверојатно што медали за настанот во финалето добиле осум судии и Џејмс Медисон, кој не одигра ниту една минута, додека капитенот Сон и Ромеро, официјално најдобриот играч во финалето, и Бентанкур, уште еден играч кој одлично одигра во мечот за трофеј, останале без нив.
Сон подоцна го бакнуваше пехарот добро расположено, но без медал околу вратот. Се очекува УЕФА да се искупи за овој пропуст и на Тотенхем да им испрати медали за играчите на кои им ги ускратиле одликувањата по финалето.
UEFA ran out of medals for Son, Romero and Bentancur
byu/justwannabeehappy insoccer