Дома Фудбал Неверојатниот Модриќ го сруши рекордот во Серија А стар 64 години

Неверојатниот Модриќ го сруши рекордот во Серија А стар 64 години

Фудбалерите на Милан ја совладаа Болоња со 1:0 во третото коло од Серија А. Единствениот гол на натпреварот го постигна Лука Модриќ за кого ова беше прв погодок во дресот на новиот клуб. Голот на Модриќ можете да го видите ТУКА.

Модриќ во второто коло oд Серија А запиша прва асистенција за тимот на Милан, кога во погодок ја претвори Рубен Лофтус-Чик, а со вечерашниот гол остави својот печат во новите страници на италијанското првенство.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Капитенот на хрватската репрезентација стана најстариот играч од средниот ред кој постигнал гол во историјата на италијанското фудбалско првенство. Модриќ постигна гол на 40 години и пет дена, додека претходниот рекорд го држеше поранешниот играч на Милан, Нилс Лидхолм, кој на 26 март 1961 година постигнал погодок против Интер на 38 години и 169 дена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Постојат две причини: Роналдо откри зошто не присуствуваше на погребот на Јота

Кристијано Роналдо повторно беше гостин во интервју кај Пирс Морган. Интервјуто ќе биде об…