
Поранешниот македонски репрезентативец Илија Несторовски во разговор за „Моцарт Спорт“ отвори повеќе теми, меѓу кои и ситуацијата во националниот тим. Тој има 50 настапи за Македонија, но последните години не беше дел од селекцијата под водство на поранешниот селектор Благоја Милевски.
Како што објасни Несторовски, причината за неговото отсуство била карактерот што, според него, Милевски не го сакал во тимот.
Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите
„Не би кажал дека имало конфликт. Благоја Милевски не сака играчи со посилен карактер, тогаш кажа дека не се вклопувам тактички, но тоа не држи. Сакав да кажеше искрено, но на крајот секој прави избор за кој мисли дека е исправен“, изјави Несторовски.
Тој се наврати и на пропуштеното Европско првенство, на кое не настапи поради сериозна повреда на предните вкрстени лигаменти заработена само еден месец пред првиот натпревар.
„Неверојатно е што една мала земја успеа да стигне до Европско првенство. Жалам што немав прилика да играм на завршиот турнир. На еден месец пред почетокот ги сскинав предните вкрстени лигаменти. Останав да бидам само како морална поддршка“, изјави Несторовски.
Целото интервју со Несторовски може да го прочитата – ТУКА.