Дома Фудбал Останато Несторовски го продолжи договорот со Славен Белупо

Несторовски го продолжи договорот со Славен Белупо

Македонскиот интернационалец Илија Несторовски го продолжи договорот со Славен Белупо и ќе остане во тимот од Хрватска до јуни 2026 година.

Раководството на Славен Белупо е задоволно со македонскиот напаѓач, па затоа реши да му ја продолжи соработката за уште година ипол.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Среќен сум што се договоривме за нова соработка, бидејќи во Копривница се чувствувам како дома. Во клубот владее семејна атмосфера, и кога ми беше понуден нов договор, не се двоумев ни минута. Дури и не го прочитав договорот, веднаш потпишав. Среќен сум што ќе продолжам да бидам дел од овој клуб“, истакна Несторовски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Алонсо баран од страна на клуб кој никој не го очекуваше во приказната!

Според пишувањето на угледниот германски весник “BILD”, Ајнтрахт Франкфурт сер…