Дома Фудбал Неочекувани проблеми: Јамал се пожали на болка во грбот, во страв се Барселона и Шпанија

Неочекувани проблеми: Јамал се пожали на болка во грбот, во страв се Барселона и Шпанија

Ламин Јамал повторно танцуваше, Шпанија ја победи Бугарија на гостувањето со резултат 3:0, но на крајот ѕвездата на Барселона мораше да излезе од игра.

Како што откриваат шпанските медиуми, Јамал уште во натпреварот против Рајо Ваљекано минатиот викенд почувствувал болка во грбот, но селекторот Луис де ла Фуенте не сакал да го одмори.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Јамал повторно одигра одлично, асистираше на Микел Мерино за 0:3, а потоа подоцна излезе од игра во 79. минута по што се фати за грбот.

Шпанските медиуми истакнуваат дека не би требало да биде ништо сериозно, но се чека извештајот од лекарите.

Инаку, каталонската јавност неретко го критикува де ла Фуенте што никогаш не го одмара Јамал и што игра премногу минути, што токму беше случај и сега.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Манчестер Сити ќе ја зајакне средната линија со две имиња од Премиер лигата

Манчестер Сити се подготвува за сериозно обновување на средната линија, додека Пеп Гвардио…