Дома Фудбал Не е чудо што го бараат гигантите: Голгетерот на Спортинг сруши уште еден рекорд!

Не е чудо што го бараат гигантите: Голгетерот на Спортинг сруши уште еден рекорд!

Виктор Ѓеќереш е еден од најбаранте фудбалери на европскиот фудбалски пазар,, а синоќа уште еднаш покажа зошто е тоа така.

Од кога дојде во Португалија пред околу година и пол, Ѓекереш игра одлично и го привлекува вниманието на себе..

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Синоќа на нова “жртва” беше тимот на Есторил против кој Швеѓанецот постигна два гола и така ја одведе својата екипа до победа (3:1).

Ѓекереш прво погоди во 36. минута од натпреварот, а потоа и во 6. минута од судиското продолжение и сруши уште еден рекорд.

Стана играч кој постигнал гол против сите клубови од португалската Примеира лига оваа сезона.

Вистински импресивен рекорд, земајќи предвид дека сезоната не е ниту блиску до крајот, бидејќи сме уште на почетокот на март.

Ова беше 79. гол во 89 одиграни натпревари, учинок на кој многу светски напаѓачи можат само да сонуваат.

Фактите и рекордите како овој покажуваат зошто Швеѓанецот е барано од голем број европски великани на фудбалот.

Во последно време се зборува се повеќе за неговото заминување од Спортинг, а опциите се навистина многу.

Се зборувало за каталонската Барселона, но и за англиските гиганти како Арсенал и Манчестер Јунајтед.

Останува да видиме каде ќе ја продолжи кариерата одличниот Гјокерес, а скоро сигурно е дека од следната сезона повеќе нема да го носи дресот на Спортинг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Работнички со пресврт го совлада Пелистер, Шкендија подобра од Беса

Денешното 28. коло од Првата македонска фудбалска лига донесе возбудливи дуели и нови побе…