Дома Фудбал Нема место за паника: Перез ги смирува навивачите по дебаклот против ПСЖ

Нема место за паника: Перез ги смирува навивачите по дебаклот против ПСЖ

Првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез, даде свој коментар по понижувањето на Реал Мадрид против ПСЖ и со само неколку зборови се обиде да ги смири со право незадоволните навивачи.

Вчера, во полуфиналето на Светското првенство во Америка, Реал Мадрид беше декласиран од ПСЖ со 4:0.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Кралевите“ беа начнати уште во првите 24 минути кога Руиз постигна два, а Дембеле еден гол, додека Рамос во 87-та ја постави конечната резултатска разлика.

Некогашниот европски првак така ги спушти оружјата пред сегашниот, а овој пораз е и првиот дебакл во ерата на Чаби Алонсо.

По мечот, новинарите од Шпанија го контактираа претседателот на Реал Мадрид за да добијат негов коментар.

Конкретно, Флорентино Перез беше контактиран од Ел Чирингито, каде често дава изјави. Во емисијата, модераторот Жозеп Педрерол ја пренесе пораката добиена од човекот кој го води Реал.

„Духот на овој тим нема да падне“, уверуваше 78-годишниот бизнисмен по тежокот пораз.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Татко му е легенда на Бразил, тој ќе игра за Англија

Малиот син на легендарниот бразилски дефанзивец Тијаго Силва – Јаго Силва, доби прв …