Дома Фудбал Нема крај на проблемите: Барселона не може да регистрира пет фудбалери

Нема крај на проблемите: Барселона не може да регистрира пет фудбалери

Барселона и понатаму има проблеми со финансискиот фер-плеј, што дополнително ја комплицира ситуацијата.

Каталонците ставија неколку играчи на трансфер листата, но додека ги чекаат нивните продажби, се соочуваат со истата ситуација како и минатата сезона.

Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓


Станува збор за регистрација на играчи за новата сезона. Според известувањата на Мундо Депортиво, засега Барселона не може да смета на Рашфорд, Џоан Гарсија, Џерард Мартин и Руни Барџи.

Дури ни на Војчех Шчесни, кој неодамна потпиша нов договор и мора повторно да биде регистриран, бидејќи официјално од први јули беше слободен играч.

Ќе видиме како во Барселона ќе ја решат ситуацијата, но сигурно дека две недели пред почетокот на првенството Ханси Флик не спие баш мирно.

Фото: Grok AI

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Манчестер Сити се договори за нов договор со Рубен Диаш

Одбранбениот играч на Манчестер Сити, Рубен Диаш, наскоро ќе го продолжи договорот со клуб…