Дома Фудбал Некогаш беше спротивно: Челзи летово најмногу заработи!

Некогаш беше спротивно: Челзи летово најмногу заработи!

Фудбалскиот клуб Челзи беше активен и ова лето.

Меѓутоа, наспроти претходните трансфер периоди кога Челзи најчесто трошеше големи суми, ова лето имаше значајни заработки.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


На листата од петте клуба кои најмногу заработија од продажба на играчи, Челзи се најде на првото место со приход од 342.000.000 евра. 

Клупската каса на Челзи се наполни благодарение на продажбите на Нони Мадуеке, Жоао Феликс, Кристофер Нкунку, Ѓорѓе Петровиќ, Лесли Угочукву, Кијрнан Дузбери-Хол, Ренато Веига, Армандо Броја и Черни Чуквуемека, како и позајмицата на Николас Џексон во Бајерн Минхен.

Втор на листата е Борнмут, кој за големи суми ги продаде клучните играчи од одбраната – Дино Хаусен, Илија Забрњи и Милош Керкез, додека потоа следи Леверкузен, кој само од продажбата на Флоријан Вирц заработи 125.000.000 евра. 

Четврти е Ливерпул, кој исто така добро заработи со продажба на Луис Диаз, Дарвин Нуњез, Харви Елиот, додека на петтото место е Њукасл, благодарение на продажбата на Исак токму на Ливерпул. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул ги остави проблемите зад себе и го совлада Реал и покрај херојските потези на Куртоа

Ливерпул одигра силен меч и покажа дека можеби го надминува тешкиот период, откако го побе…