Дома Фудбал Некогаш беше најскап бек во светот, сега пронајде нов клуб

Некогаш беше најскап бек во светот, сега пронајде нов клуб

Бенџамин Менди (31) ќе потпише двегодишен договор со Погон Шчеќин, информираат полските медиуми и Фабрицио Романо. Овој поранешен најскап дефанзивец во светот доаѓа во Полска како слободен агент, а според истите извори, во наредните две години треба да заработи над еден милион евра.

Менди беше без тим откако во втората половина од минатата сезона настапуваше за Цирих, каде што забележа осум настапи. Пред тоа, година и половина мина во францускиот Лориент.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Своевремено, Менди беше најскапиот бек во светот, кога Манчестер Сити го купи од Монако во 2017 година за 57.5 милиони евра. Тој трансфер тогаш беше најголем во историјата за дефанзивен играч.

Во Сити, Менди беше често попречуван од повреди, а потоа во август 2021 година беше суспендиран од клубот поради обвиненија за шест случаи на силување. Две години подоцна, беше ослободен од сите обвинувања и успешно го тужеше Сити поради неплатени плати. Кариерата ја оживеа во Лориент, но е далеку од формата што го доведе до освојување на светското првенство со Франција во 2018 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Насилници провалиле во куќа на фудбалска ѕвезда додека бил во неа со семејството – морал да се брани со нож!

Ѕвездата на Челси и Англија – Рахим Стерлинг бил принуден да се соочи со маскирани п…