
Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед Брендон Вилијамс (24) ја призна вината за опасно возење откако на 20 август 2023 година учествувал во сообраќајна несреќа на автопатот во близина на Хендфорт. Му се заканува затворска казна од две години, известуваат англиските медиуми.
Вилијамс го возел Audi A3 со брзина од 159 км/ч кога изгубил контрола врз возилото, се судрил со Ford Fiesta и удрил во ограда. Бил уапсен по пружената медицинска помош и се соочува со изрекување на казната на 9 мај на суд. Сведоци изјавиле дека за време на возењето имал балон во устата, додека сопатничка го снимала. Тестиран е на алкохол и резултатот бил негативен.
Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
Вилијамс мина низ младинската школа на Манчестер Јунајтед и се појави на сцена додека тренер на клубот беше Оле Гунар Солскјер. Како лев бек одигра 51 натпревар за тимот од Олд Трафорд, постигна еден и направи една асистенција.
Во сезоната 2021/2022 беше на позајмица во Норич Сити, а во 2023/2024 во Ипсвич Таун. Во јуни минатата година Манчестер Јунајтед објави дека Вилијамс ќе го напушти клубот по истекот на договорот. Заработувал околу 75 илјади евра неделно. Има и еден настап за англиската репрезентација под 21 година, а моментално е без клуб.