
Нејмар го продолжи договорот со клубот каде што се разви за уште една година, со што останува врзан за Сантос до крајот на 2026 година. Оваа одлука доаѓа по драматична сезона во која Сантос успеа да избегне испаѓање и да обезбеди учество во континенталното натпреварување, со што се прекинаа сите гласини за можно враќање во Европа или Саудиска Арабија.
По тешката сезона, изгледа дека Нејмар го најде вистинскиот ритам во најважниот момент во клубот каде што се чувствува дома. Токму тоа беше пресудно во неговата одлука да остане во Бразил и да се обиде уште еднаш со саканиот клуб да направи нов чекор кон врвот.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
„Да го имаме Нејмар Џуниор до крајот на 2026 година претставува многу повеќе од договор. Продужењето на врската за уште една година е обврска кон нашата историја, кон навивачите и кон спортскиот проект на Сантос. Да имаме играч кој токму овде пораснал, со неговата величина, за да води овој нов циклус само ја зајакнува важноста на клубот на националната и светската сцена”, рече Марсело Тејшера, претседателот на Сантос.
Нејмар на 30 натпревари за Сантос постигна 11 гола и четири асистенции.