Дома Фудбал Не се доволни 40 милиони евра: Манчестер јунајтед одговорил на понудата од Наполи

Не се доволни 40 милиони евра: Манчестер јунајтед одговорил на понудата од Наполи

Раководството на Манчестер Јунајтед ja одби првata понуда од Наполи за нивниот крилен напаѓач Алехандро Гарначо, пренесеа денеска британските медиуми.

Наполитанците бараат замена за Хвича Кварацхелија, кој потпиша за Пари Сен Жермен, а изборот падна на Гарначо.


Викендов најинтересно во Серија А и на СП во ракомет ↓↓↓


Сепак, управата на Јунајтед порача дека понудата е значително помала од тоа што тие очекуваат.

Не е познато колку понудил Наполи, но се смета дека станува збор за сума од околу 40 милиони фунти.

Менаџерот на Јунајтед, Рубен Аморим, вчера изјави дека најсериозно смета на Аргентинецот.

Гарначо синоќа ги одигра сите 90 минути во победата против Саутемптон со резултат 3:1 во Премиер лигата.

Тој во 2021 година од Атлетико Мадрид премина во Јунајтед, дебитираше во 2022 година и одигра 117 натпревари и постигна 23 гола.

Оваа сезона постигна осум голови во 31 натпревар.

Наполи и летово пазареше во Јунајтед, бидејќи го донесе шкотскиот играч за врска Скот Мектоминеј и тоа се покажа како одличен потег на тренерот Антонио Конте, кој инсистираше на овој играч.

Наполи е лидер во Серија А со 47 бодови од 20 натпревари и има три бода и еден натпревар повеќе од шампионот Интер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јувентус сервираше одмазда, заврши „медениот месец“ на Консеисао во Милан (Видео)

Јувентус забележа значајна победа во дербито против вечниот ривал Милан, триумфирајќи со 2…