Дома Фудбал Не му оди: Синот на Анчелоти доби отказ

Не му оди: Синот на Анчелоти доби отказ

Давиде Анчелоти, синот на познатиот италијански тренер Карло Анчелоти, кој моментално ја води бразилската репрезентација, повеќе не е главен тренер на Ботафого. Од јули оваа година, тој беше на кормилото на бразилскиот клуб во својата прва улога како главен тренер.

Анчелоти го водеше Ботафого на 33 натпревари, при што постигна 15 победи, 10 нерешени резултати и 8 порази. Во бразилското првенство, Ботафого заврши на шестата позиција и беше елиминиран во осминафиналето на Купот Либертадорес. Претходно, Анчелоти беше асистент на својот татко во Реал Мадрид, Евертон и Наполи, а го започна своето тренерско патување како кондициски тренер во ПСЖ.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


“Ботафого објавува дека Давиде Анчелоти повеќе не е тренер на првиот тим. Со него заминуваат и кондицискиот тренер Лука Гуера, како и асистентите Луис Тевенет и Ендру Манган. Клубот му изразува благодарност на Анчелоти за професионализмот и посветеноста додека го водеше тимот и му посакува многу успех во идните предизвици”, соопшти бразилскиот клуб од првата лига, додавајќи дека името на новиот тренер ќе биде наскоро објавено.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Икарди пред заминување од Галатасарај, може да се врати во Италија!

Напаѓачот на Галатасарај, Мауро Икарди (32), би можел да ја продолжи својата кариера во Ит…