Дома Фудбал „Не изгубивме во „Ферги времето“, туку во „времето на офсајд“

„Не изгубивме во „Ферги времето“, туку во „времето на офсајд“

Славниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Руд ван Нистелрој, кој сега ја извршува функцијата менаџер на Лестер, беше огорчен по испаѓањето од ФА Купот од Црвените ѓаволи.

Јунајтед до победата стигна со гол во третата минута од судиското надополнување, и тоа по јасен офсајд, а Ван Нистелрој по мечот жестоко ги критикуваше судиите.


Топ 10 трансфери оваа зима! Кој потроши најмногу!? ↓↓↓


“Не бевме поразени во ‘времето на Ферги’, туку во ‘времето на офсајд’. ВАР не е потребен за ова, ВАР ви е потребен кога се работи за ситуација која не се гледа со голо око. Мегваер беше пола метар во офсајд, линијата е јасна. Тешко е бидејќи екипата заслужи реми на крајот и продолженија. Ќе останевме во игра и никогаш не знаете што може да се случи”, изјави стратегот на Лестер:

“Тоа беше навистина добра тимска претстава. Почнавме многу квалитетно, притискавме Јунајтед кога и да имаа топката, бевме стабилни и заслуживме на пауза да одиме со предност 1:0. Знаевме дека Јунајтед во второто полувреме ќе притискаат и ќе имаат некои шанси, но тие не беа многу, така што заслуживме да одиме во продолженија каде што можевме да напредуваме. Ваквите одлуки се тешки за прифаќање”.

Алудираше холандскиот стручен на головите кои Јунајтед ги постигнуваше во самиот финиш на натпреварите под водство на легендарниот Сер Алекс Фергусон.

Имено, Англиската фудбалска асоцијација пред почетокот на натпреварувањето оваа сезона одлучи дека видео технологијата ќе се применува од петтото коло на ФА Купот. Така, Манчестер Јунајтед профитираше, а Лестер беше оштетен од оваа одлука.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Специјалистот за трансфер најави: Арсенал бара нов напаѓач за следната сезона

Фабрицио Романо откри дека Арсенал сакаше да го ангажира Матеус Куња, но се откажал поради…