Дома Останати Кошарка Не издржа: Ѕвездата на Црна Гора се расплака по шокантниот пораз (Видео)

Не издржа: Ѕвездата на Црна Гора се расплака по шокантниот пораз (Видео)

Кошаркарската репреззентација на Црна Гора е елиминирана од Европското првенство, што значи дека Никола Вучевиќ својата кариера во националниот тим ја заврши со пораз.

Црна Гора се соочи со историски пораз, бидејќи во решавачкиот натпревар, во кој и беше неопходна победа, изгуби од Велика Британија со 89:83.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Последниот натпревар беше и проштален најдобриот кошаркар на Црна Гора, кој се прости од играњето за репрезентацијата. И покрај исклучителната партија на Никола Вучевиќ, неговите 31 поен, 11 скокови и 7 асистенции со индекс 40 не беа доволни за Црна Гора…

По натпреварот не издржа да не пушти солзи…

“Имаше некои ситуации, но не се судиите виновни, самите сме виновни. Многу грешки за натпревар од овој ранг. Им дозволивме повеќе отколку што можат да направат. Немавме фокус, енергија и желба кои се неопходни за да играме… Не знам… Едноставно не одигравме на нивото, не ја оправдавме улогата на фаворити, не бевме на потребното ниво. Наша е вината. Последно европско, но што да се прави…“, изјави Вучевиќ.

Вучевиќ потврди дека денешниот дуел бил неговото проштално од националниот тим.

“Имаше добри и лоши моменти, што е дел од кариерата. Се заблагодарувам на сите, почнав како кадет, благодарност до сите соиграчи со кои поминав многу и тоа ќе го паметам – тие другарства. Што се однесува до самата кошарка, тој Светски ќе остане во убаво сеќавање, денес ми е жал, ќе беше ова убав успех. Благодарност и на навивачите што не следеа секогаш“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Сензација на Евробаскетот: Црна Гора од аутсајдерот елиминирана од Евробаскетот!

Кошаркарите на Црна Гора доживеааа сензационално испаѓање од Евробаскетот, откако во клучн…