Дома Останати Кошарка Не е само Дубаи, туку и Абу Даби: Нов моќен клуб тропа на вратите на АБА лигата

Не е само Дубаи, туку и Абу Даби: Нов моќен клуб тропа на вратите на АБА лигата

Од оваа сезона во АБА лигата за првпат учествува Дубаи, а според сите информации, тоа е само почеток. Веќе следната година на Јадранот можеме да имаме уште еден новоформиран клуб од Емиратите, а како што пренесува „Меридијан Спорт“, интерес за вакво нешто имаат и луѓето од Абу Даби.

Градот во кој оваа сезона ќе се игра фајнал-форот на Евролигата има големи амбиции и планира да формира сериозен тим, исто како и Дубаи, па за почеток најверојатно би тргнале од АБА 2 лигата, секако, сѐ уште се чека согласност од сите учесници од регионот.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Дубаи му покажа патот на Абу Даби, станува збор за многу сериозен проект воден од Дејан Камењашевиќ кој веднаш го презеде за тренер Јурица Големац, а исто така ангажираше кошаркари кои на овие простори веќе постигнале одредени резултати. Оваа сезона на теренот на Дубаи ги видовме Данило Анѓушиќ, Клемен Препелиќ, Немања Дангубиќ, Дејвис Бертанс и други, што е само почеток на нивните амбиции на европскиот пазар каде се надеваат на покана за Евролигата.

Од друга страна, Абу Даби има величествена арена во која летово играа и натпревари на НБА тимови – ги гледавме Денвер и Бостон на паркетот – додека идејата е во овој град да се создаде клуб кој ќе ја покачи европската кошарка на ново ниво.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Денвер пушти ѕвезда од 100 милиони, па го врати кошаркар со кој Јокиќ освои шампионски прстен

Денвер Нагетс го трејдуваа Мајкл Портер Јуниор и пик на првиот круг (2032) за Кем Џонсон. …