Дома Фудбал Не е лесно да си Аморим: Неговиот наследник експресно добил отказ!

Не е лесно да си Аморим: Неговиот наследник експресно добил отказ!

Тренер Жоао Переира, кој го замени Рубен Аморим на клупата на португалскиот Спортинг кога на почетокот на декември тој замина во Манчестер јунајтед, остана без работа во лисабонскиот клуб поради низата лоши резултати, пишуваат португалските медиуми.

Во Лигата на шампионите, Спортинг се соочил со два порази, дома против Арсенал и на гости од Клуб Бриже.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Под водство на Аморим во првите четири кола Спортинг остварил три победи и едно нерешено, вклучувајќи ја и победата над Манчестер сити. Вкупно, откако Переира седна на клупата на Спортинг, “лавовите” одиграле осум натпревари, остварувајќи три победи, од кои две во Купот, а една по продолженијата. Во првенството им е запишана само една победа.

Тренерот на Виторија Гимараеш Руй Боржес би требало да биде ангажиран да го води Спортинг за дербито против лисабонска Бенфика следната недела.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Луд гол во Серија А: Ја доби топката на својата половина, издрибла н неколку фудбалери и мајсторски погоди (Видео)

Семих Кличсој, младиот (20) напаѓач на Бешикташ кој е на позајмица во Каљари, против Торин…