Aмериканецот Нишеш Бесверди го освои првиот сет против Ѓоковиќ, но српскиот тенисер не дозволи сензација и ги доби наредните три за победа од 3:1 во сетови.
Мечот траеше два часа и 57 минути што покажува дека американскиот тенисер кој е 107. на АТП листата добро му парираше на Ѓоковиќ.
Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓
Во првите три сета видовме по еден брејк, прво го направи Бесверди во првиот за водство од 1:0 во сетови, додека во следните два Ѓоковиќ на двапати го освојуваше сервисот на противникот и тоа се покажа како доволно.
Четвртиот сет донесе доминантна игра на Ѓоковиќ во која му дозволи на Американецот само два гема.